Димитров – Папандреу: Историјата е важна, но можеме да ја промениме само иднината

„Инспиративна средба со Папандреу за иднината на нашите две земји кои имаат историска можност во блиска иднина да станат сојузници“, напиша на својот Твитер профил министерот Димитров по средбата со поранешниот грчки премиер.

1050
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Сунио се сретна со поранешниот грчки премиер, а сега лидер на Сегрчкото движење на демократските социјалисти и на социјалистичката интернационала, Јоргос Папандреу.
„Инспиративна средба со Папандреу за иднината на нашите две земји кои имаат историска можност во блиска иднина да станат сојузници. Историјата е важна. Но ние можеме да ја промениме само иднината“, напиша на својот Твитер профил по средбата министерот Димитров.
Тој во Сунио, на покана на неговиот грчки колега Никос Коѕијас, учествува на Вториот состанок на министрите за надворешни работи на балканските земји и Вишеградската група.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...