Димитров: Одма ќе потпишам оставка ако тоа помогне во преговорите со Грција ВИДЕО

1796

Министерот Никола Димитров во телевизиската емисија „Печат на недеата“ на ТВ 1 изјави дека е подготен да ја понесе одговорноста ако не успеат преговорите со Грција за името.

-Одма ќе потпишам оставка, ако мислам дека тоа ќе и помогне на Македонија и ако биде подобра без мене и ако процесот биде подобар без мене. Прашањето на мојата лична одговорност е – имаше ли нешто што можеше да го направам, а не го направив и направив ли нешто што не помогна. И без одговорност, ако има ефект мојата оставка да помогне, апсолутно сум спремен во кое било време да ја поднесам, тоа е поголемо од мене, одговори Димитров на новинарското прашање каде министерот ја гледа својата одговорност ако не успее преговарачкиот процес за решавање на долгогодишниот спор за името.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...