Министерот за надворешни работи Никола Димитров, утре и задутре, ќе учествува на Бледскиот стратешки форум, што се одржува по 14-ти пат во Блед, Словенија.
Овогодинешното мото на Форумот гласи „Ресурси/извори на (не)стабилност“ (Re)sources of (in)stability, а дискусиите ќе бидат посветени на улогата на ресурсите/изворите во контекст на мирот и безбедноста, одржливиот развој и економскиот напредок.
Како што соопшти МНР, министерот Димитров ќе земе учество на панелот насловен „Западен Балкан – европеизација, демократизација, споделена одговорност” на кој ќе се осврне на европските перспективи на Северна Македонија.
На маргините на Форумот предвидени се неколку билатерални средби со свои колеги и други учесници.