Димитров на средба со Чавушоглу

200

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров од денеска е во тридневна посета на Турција.

Предвидено е да се сретне со својот турски колега Мевљут Чавушоглу, да има средби и со други високи државни претставници на Турција, како со министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар и средба во Големото народно Собрание на Република Турција.

Во фокусот на средбата со министерот Чавушоглу, ќе биде зајакнувањето на севкупните билатерални односи, унапредувањето на заемната соработка, како и размената на  мислења за повеќе актуелни регионални  прашања.

Се очекува, министрите Димитров и Чавушоглу да го потпишат Меморандумот за соработка меѓу министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Република Турција за соработка во областа на информатичките технологии и дипломатските архиви.

 

 

 

 

 

 

[Message clipped]  View entire message

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...