Медијаторот Метју Нимиц и министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, наредната недела на 25 април ќе одржат нова средба во Виена, објавија грчките медиуми.
На оваа, според пишувањата, ќе се направат напори да се надминат разликите од средбата во Охрид.
За десетина дена по оваа, најверојатно ќе следува уште една средба, како што најави Коѕијас од Охрид, на 4 и 5 мај во Солун.