Работна средба на министрите за надворешни работи на Република Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, ќе се одржи во четврток во Охрид, соопшти македонското Министерство за надворешни работи (МНР).
На 12 април (четврток) 2018 година во Охрид, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, ќе оствари работна средба со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас. Посетата на министерот Коѕијас е во рамки на континуираниот дијалог меѓу двајцата министри, во контекст на напорите за надминување на разликата околу името, како и генералното унапредување на односите помеѓу двете земји.