Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас го потпишаа договорот за името во селото Псерадес во Грција на брегот на Преспанското Езеро.
Договорот предвидува ерга омнес име за земјава, Република Северна Македонија со македонски јазик и националност. Договорот го потпиша и посредникот на ОН, Метју Нимиц на денот на својот роденден.
На церемонијата присуствуваат и премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Присутни се и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и потсекретарката за политички прашања на Обединетите нации Розмари Ди Карло.
Потпишувањето се одвива под зајакнати безбедни.