Димитров: Имам дебата сам со себе дали да се кандидирам за претседател

Треба да мислиме каков профил ни треба, имајќи го предвид искуството од изминативе десет години, и од друга страна да видиме што ќе донесе овој важен процес, вели шефот на дипломатијата во интервју за Гласот на Америка.

1041

Министерот за надворешни работи Никола Димитров се уште не одлучил дали ќе се кандидира за претседател на државата.

– Имам дневни дебати сам со себе околу тоа прашање, но, во овој момент од една страна треба да мислиме каков профил ни треба, имајќи го предвид искуството од изминативе десет години, и од друга страна да видиме што ќе донесе овој важен процес – вели Димитров во интервју за Гласот на Америка.

Според Димитров, најважно во овој момент е да се работи на исполнување на реформите за да се фати европскиот воз, додека околу можното одржување предвремени парламентарни избори смета дека ќе биде голем влог и ќе ја намали шансата на Македонија за одење напред, поради тоа што ќе има техничко-пржинска влада, технички премиер, како и разлики во функционалноста на Собранието.

Тој најави дека одлуката за амбасадор во Вашингтон и во повеќе други градови ќе биде донесена по претседателските избори, поради потребата од соработка на Владата и претседателот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...