Ве уверувам дека ниту јас, ниту Заев не прифаќаме загрозување на идентитетот и нацијата. Со спогодбата ќе имаме печатење на документот на македонски јазик со македонски превод, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната собраниски седница на која беше по втор пат ратификуван Договорот со Грција.
Димитров, повикувајќи се на Уставот, цитираше дека и Владата склучува договори во области од економијата, социјалата, заштитата на животната средина, енергетика, дипломатски конзуларните односи, одбраната.
-Од 897 меѓународни договори кои досега се ратификувале во Собранието, само 5 биле склучени од страна на претседателите – додаде министерот.