Димитров за „360 степени“: Без пробив во март нема да има успешен Самит на ЕУ во мај

1593

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во денешното гостување во емисијата „360 степени“ на Алсат-М, истакна дека дека мајскиот Самит на ЕУ во Загреб нема да биде успешен доколку не се направи поместување за преговорите на Македонија во март.

– Мојата задача е да давам аргументи и да правам притисок за ЕУ да го исполни тоа што ни го вети. По разочарувањето што го доживеавме минатата година, логично е сега да дуваме и на јогурт. Тоа што треба да го сториме е да си ја сработиме домашната задача, а тука, пред сè мислам на Законот за јавно обвинителство. Како и да е, нема да има успешен Самит на ЕУ во мај ако нема пробив во март – изјави Димитров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...