За случувањата околу Специјалното јавно обвинителство министерот за надворешни работи Никола Димитров одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на министерскиот состанок со ЕУ во Хелсинки, потсети дека Катица Јанева е во притвор, но и дека треба да се почитува пресумпцијата на невиност.
– Сепак, има индикации дека е инволвирана што остава горчливо чувство бидејќи жедта за правда е огромна, она што е важно е дека кога проблемот е откриен, клучно е системот да реагира. Една личност не може да биде причина целата нација да се откаже, ние мораме да продолжиме, а патот е владеењето на правото – рече Димитров.