Димитров за невремето на Халкидики: Сочувство до најблиските, подготвени сме да помогнеме

163

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров изрази сочувство за настраданите од невремето на Халкидики, во кое животот го загубија седум лица, а повеќе од 100 се повредени.

Во сочувството објавено на Твитер, Димитров вели дека е вџашен од ужасното невреме во областа Халкидики во Грција што резултираше со губење на животи, повредени и значителна материјална штета.

– Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските. Ние сме подготвени да помогнеме за сѐ што е потребно – наведува шефот на дипломатијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...