Димитров за гласањето на ВМРО-ДПМНЕ за НАТО: Мене ми стана незгодно

13600

Дедо ми еднаш ми кажа дека има две врсти луѓе: тие кои ја завршуваат работата и тие кои ги присвојуваат заслугите (се китат со перјата). Ми кажа да се обидам да бидам во првата група; таму имало многу помала конкуренција.”Индира Ганди (1917 – 1984), напиша на Фејсбук шефот на дипломатијата Никола Димитров за ратификацијата на Протоколот за НАТО денеска во Собранието.

– Опозицијата не само што не учествуваше во надминувањето на пречката за НАТО членството – решавање на спорот околу името – туку направи и уште прави се’ што може тоа да го оневозможи. Прво, преку антиквизацијата го нагризаа идентитетот дома, а изгубија разбирање и пријатели надвор. Второ, не само што не гласаа ЗА на референдумот, туку се плашеа и да повикаат да се гласа ПРОТИВ. Трето, застанаа до ѕидот во Собранието кога се гласаа уставните измени. Лицемерни и неискрени кон ова клучно прашање, без јасна и гласна порака кон граѓаните, со едно лице пред светот, а друго пред гласачите… зарем некој се изненади дека тие денеска гласаа ЗА НАТО членството на Северна Македонија? Се разбира дека не – за товарот нема никогаш да стават рамо, но за ловорики први ќе подадат глави. Тоа не е политика. Тоа во најдобар случај е површно политиканство. Во спротивно, и пореално, тоа е чиста деструкција спакувана во лажен патриотизам.

ПС. Мене ми стана незгодно …, напиша Димитров.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...