Димитров: Жалиме за настраданите во земјотресот во Албанија, подготвени сме да помогнеме

301
Photo: EPA / MALTON DIBRA

Министерот за надворешни работи Никола Димитров изрази жалење за загубата на животите во земјотресот во Албанија и подготвеност за помош.

– Длабоко жалиме за загубата на животите во земјотресот во Албанија. Ние сме подготвени да помогнеме. Нашите мисли се со народот на Албанија, напиша утрово министерот Димитров на Твитер.

Во силниот земјотрес што изутринава го погоди регионот на албанскиот град Драч, според извештаите на медиумите во Албанија, животот го загубиле најмалку шест лица, а над 150 се повредени. Причинета е и голема материјална штета.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...