Вашето именување на оваа исклучително одговорна функција е добра вест за Регионот, Европа и за трансатлантската заедница, рече шефот на македонската дипломатија Никола Димитров по средбата со Филип Рикер, цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на САД.
На средбата беа разменети мислења за актуелните состојби во Република Северна Македонија и во Регионот.
Амбасадорот Рикер упати честитки за постигнатиот договор со Грција со кој се стави крај на спорот околу името и со кој се отвораат вратите кон заслуженото место на Република Северна Македонија во НАТО.
– Сите во САД се свесни и го препознаваат успехот што го постигнавте со договорот од Преспа – порача Рикер, истакнувајќи дека САД ќе продолжат и натаму активно да го поддржуваат регионот на патот кон интеграциите во ЕУ и НАТО.
…