Димитров до опозицијата: Ќе ве чекаме во 21 век и од вас ќе направиме пријатели

688

Во Собранието на Република Македонија попладнево продолжи расправата по интерпелацијата за министерот за надворешни работи Никола Димитров поднесена од страна на опозицијата. За расправата се пријавени уште 10-тина пратениците.

Опозицијата поднесе интерпелација за шефот на македонската дипломатија, обвинувајќи го дека ја извршува функцијата несовесно, нестручно и спротивно на македонските интереси. Го обвинуваат за потпишаните договори со Бугарија и Грција со кои,  според нив, се загрозуваат македонските интереси. Во своите говори, пратениците од опозицијата побараа и предвремени парламентарни избори.

Во репликите на опозицијата, Димитров истакна дека секогаш и служел на каузата за Македонија и оти прави се што мисли дека е добро за државата и народот. Им порача на пратенците од опозицијата дека партијата не е народот.

– Вие треба секое утро тоа да го повторувате – државата не е партијата, Македонија не е партијата. Ние ќе Ве чекаме во 21 век, ќе бидеме трпеливи, ќе дадеме се од себе и од Вас да направиме пријатели. А избори, кога сакате, да видиме дали народот сака да живее во 21 век, или во 19 век – истакна Димитров.

Согласно Деловникот за работа, до полноќ треба да заврши расправата и да се гласа по поднесената интерпелација, а пратениците до 20 часот имаат пауза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...