Димитров до Милошоски: Оваа саботажа ја доживувам како антидржавен процес

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараат Талат Џафери да ги одобри и достави класифицираните материјали, па потоа да се чуе извештајот на министерот за надворешни работи Никола Димитров.

2924

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на денешната расправа на Комисијата за надворешни прашања изјави дека нема што да крие.

Тој го праша претседателот на комисијата, Антонио Милошоски зошто материјалите не биле навремено доставени туку пет минути пред седницата.

-Државна тајна значи дека објавување на такви информации може да наштети на процесот кој не е завршен. Во јануари немаше белешка од лидерската средба. Не знам кој ја направил. Во крајна линија се надевавме дека ќе се издигнеме над предизвикот. Надмудрувања од овој тип е како болеста да дојде и да го праша лекувањето до каде е процесот. Оваа саботажа ја доживувам како антидржавен процес – рече Димитров.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараат Талат Џафери да ги одобри и достави класифицираните материјали, па потоа да се чуе извештајот на министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски, вчера  инсистираше пратениците што имаат безбедносни сертификати да ги добијат класифицираните материјали што како собраниско тело ги побарале и ги добиле од претседателот Ѓорге Иванов.

Тој изјави дека тие биле многу битни и значајни за надворешната политика и се однесуваат на ставовите на власта и министерот за надворешни работи во врска со преговорите за името со Грција, што е точка на дневниот ред.

Димитров, како што изјави вчера, не знаел за класифицираните документи пред седницата.

Материјалите, според Милошоски, се однесуваат на две средби што се одржале во јануари и мај кај претседателот Иванов, а на кои тема биле преговорите за името со Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...