Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска престојува во официјална посета на Бугарија, на покана на неговата бугарска колешка Екатерина Захариева. Во официјална посета во Министерството за одбрана на Северна Македонија денеска ќе престојува министерката за одбрана на Албанија, Олта Џачка.
Димитров е предвидено за време на посетата да биде примен и од бугарскиот претседател Румен Радев. Димитров ќе размени мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, како и можностите за зајакнување и унапредување на идната соработка во повеќе области од заемен интерес на средбата со Захариева.
По церемонијата за пречек пред Министерството за одбрана во Скопје, пак, предвидена е тет-а-тет средбата на министерките Радмила Шекеринска и Олта Џачка, како и средба на двете делегации.
Министерките ќе имаат средба и со премиерот Зоран Заев по која ќе дадат изјави за медиумите во медија центарот во Владата.
Министерката за одбрана на Албанија, Џачка ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.