Димитров во посета на САД

156

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Вашингтон, САД, каде што ќе има повеќе средби со претставници на американската администрација, Конгресот и тинк-тенк заедницата.

Како што соопшти МНР, Димитров утре ќе се обрати на трибина посветена на иднината на Македонија и Југоисточна Европа, организирана од Атлансткиот совет на САД.

На покана на државниот секретар на САД, на 6 февруари, во Вашингтон, делегација на Република Македонија ќе учествува на Министерскиот состанок на Глобалната коалиција за борба против ИСИС. Тема на состанокот ќе бидат резултатите од повеќегодишните напори и соработката во рамките на Коалицијата за борбата против ИСИС во Ирак и Сирија, како и за идните чекори за стабилизација и одржување на мирот во регионите кои биле претходно зафатени од делувањето на ИСИС.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...