Димитров во Париз ќе разговара за перспективите на земјава прeд седницата на Советот на ЕУ

Во рамките на посетата, министерот Димитров ќе присуствува и на свечениот прием во Амбасадата на земјава во Франција по повод одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември.

204

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Француската Република.

За време на посетата, Димитров ќе оствари средба со Амели де Моншален, државна секретарка во Министерството за Европа и надворешни работи, задолжена за европски прашања, како и други средби од политичкиот и јавен живот на Франција.

Како што соопшти МНР, покрај прашањата за актуелните состојби и перспективите за натамошен развој на севкупните билатерални односи, високо на агендата ќе бидат интеграцијата и перспективите на земјава во пресрет на Советот на ЕУ, како и историскиот чин на зачленувањето во НАТО.

Во рамките на посетата, министерот Димитров ќе присуствува и на свечениот прием во Амбасадата на земјава во Фенција по повод одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...