Димитров: Во инспиративна Прага добивме потврда за сработеното и ветер во грб за заслуженото

76

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес во Прага ја почна дводневната работна посета на Република Чешка со билатерална средба со чешкиот МНР Томаш Петричек.

Фокусот на разговорите беше ставен на очекувањата и перспективите на Македонија и активностите за поддршка од страна на Република Чешка во контекст на евроинтегративниот процес.

-Чешка е дел од нашето ЕУ патување, помагајќи ни да стигнеме заедно до целта што побрзо. И денес во инспиративната Прага добивме потврда за сработеното и ветер во грб за заслуженото. Очекувам тој ветер да не’ донесе до целта: отворање на пристапни преговори без одлагање – рече Димитров.

Се разговараше и за клучните моменти од односите меѓу двете пријателски земји и можностите за нивно понатамошно интензивирање.

Министерот Петричек ја потврди цврстата и континуирана поддршка на Чешка кон евроинтегративните процеси на Македонија. Го нотираше забележителниот прогрес во спроведување на неопходните реформи во земјата, значителниот политички влог и потпишаните договори со Грција и Бугарија, и воедно го потврди својот став дека С. Македонија заслужува да го започне процесот на преговори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...