Димитров: Вие ѝ набивате комплекс на нацијата, јас го штитам народот македонски од вашата антиквизација

691

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во своја одбрана на интерпелација поднесена од ВМРО-ДПМНЕ се повика на изјави на европски политички претставници за Договорот за името.

Тој рече дека не сака со свои зборови да одговара за сработеното во изминатиов период, но се осврна на навредата кон македонскиот народ дека е искомплексиран, што му ја припишува ВМРО-ДПМНЕ. Димитров рече дека сакал да се огради од проектот на ВМРО-ДПМНЕ за антиквизацијата и дека во 2010 година првпат се гради македонскиот идентитет.

– Неколку пати ја повторивте лагата. Јас си го штитам народот Македонски од лагата дека првпат градите македонски идентитет од 2010 година. Тогаш реков: „Мислам како на различни планети да живееме“. Вие во 2010 година рековте дека за првпат го градиме македонскиот идентитет. По таа логика вие и набивате комплекс на нацијата. Јас реагирм на одбрана на македонскиот народ оти тој знае кој е – рече Димитров.

Според Димитров, има рашомон ситуација, на исто нешто се гледа многу различно.

– Време е да се подигнеме едно ниво над. Нема да одговарам оти имаше и личен напад. Школарината ја добива тој што се пријавил по автоматизам. Не е чесно. Народот и граѓаните ќе си кажат кому ќе веруваат. Важно е да се порасне. Имам чувство на грижа дека вие немате елементарна одговорност да не правите конфузија дополнително. Како не ви е жал за народот – рече Димитров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...