Дилер од Кратово се обидел да избега на Табановце

689
Фото: МВР

На Граничниот премин Табановце синоќа во 22.15 часот, при пасошка контрола било констатирано дека М.Р. (26) од Кратово е предмет на потрага за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...