На тридневната прослава на Свети Трифун и Свети Валентин во општина Неготино, од 12 до 14 февруари, а на предлог на претседателот на Советот Диме Витанов, за да се крене свеста на граѓаните за безбеден секс, ќе се делат бесплатни кондоми, лубриканти и средства за лична хигиена.
Ова може да се прочита на соопштение со меморандум на општина Неготино, со печат и со потпис од Витанов.
За да ја потврдиме веродостојноста на соопштението кое циркулира по социјалните мрежи, Плусинфо побара одговор но не доби одговор од општинската организација на СДСМ Неготино.
Инаку, во соопштението се информираат граѓаните дека на прославата ќе ги забавуваат Миле Кузмановски, Елена Велевска, ансамбли и културни друштва, а на плоштадот ќе има богат ручек и многу вино.
Порталот Фокус стапил во контакт со Витанов, кој одбил да коментира и најавил дека во понеделник ќе даде официјална изјава.