Сите 3.480 гласачки места навреме се отворени и за првите 2,5 часа од гласањето на референдумот не се регистррирани неправилности.
До 9 часот, според податоците од 71 отсто од гласачките места, процентот на излезност е 2,45 отсто, изјави на денешната прва конференција за медиуми Љупка Гугучевска, портпаролката на ДИК.
Најголем одзив има во Демир Хисар 4,12% ,а најмал во Конче 0,73.
Во ДИК досега биле добиени 3 приговори за заштита на личното изборачко право и сите се прогласени за неосновани.
Во овој процес гласачите имаат право на два вида приговори за заштита на личното избирачко право и приговори за постапката за гласање и сумирање и утврдување на резултатите. Овие приговори гласачите можат да ги поднесуваат на образец што може да се подигне на секое гласачко место или елекронски на веб-апликацијата.
Гугучевска додаде дека во функција е и бесплатната телефонска линија 0800 555 44 преку која граѓаните можат да пријавуваат неправилности или да поставуваат прашања до ДИК.
Портпаролот на ДИК информира дека резултатите од вчерашното гласење во казнено-поправните домови, ДКП-та, на болните и раселените лица до 19 часот, официјалните податоци ќе бидат соопштени на веб-страницатра на ДИК.
Изутринава во 7 часот започна референдумот во земјава на којшто гласачите ќе можат да се изјаснат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ со заокружување „за“ или „против“.
Следната прес-конференција на ДИК е во 11.30 часот.