ДИК: Ќе се разгледуваат приговори за изборите само со факти

Од оваа година исто така ќе се организира гласање во старските домови. До сега, како што информираа од ДИК, пријави за гласање кое ќе се организира на 11 април, има од 18 старски домови.

71

Членовите на ДИК oд денешната седница упатија порака до учесниците на изборите на 12 април  дека нема да прифаќаат наменски приговори за повреди на постапката на денот на изборите и за сумирање на резултатите само за да се кочи и злоупотребува процесот.

ДИК донесе упатство за начинот постапката за решавање на преговори. Новина е тоа што Комисијата ќе одлучува само за повреди на постапката на денот на гласањето и сумирање на резултатите и дека приговорите од учесниците на изборите односно нивните овластени претставници ќе бидат доставени до ДИК треба да содржат факти и конкретен опис на евентуалните неправилности. Тоа се со цел, како што истакнаа членови на Комисијата, да не се случи кој било од какви било причини да го злоупотреби процесот и да продуцира приговори без никаков основ и без никаква содржина.

Членот на ДИК, Борис Кондарко потенцираше дека оние што ќе го поднесуваат приговорот и учесниците што забележале евентуални неправилности треба да го наведат она што го виделе.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски беше дециден дека Комисијата нема да прифаќа наменски приговори само за да се кочи изборниот процес и оти ќе мора евентуалните приговори да содржат факти и податоци, како и дека Комисијата само на тој начин ќе работи.

На седницата беше усвоено и упатство за начинот и постапката за решавање на приговори кои се во надлежност на општинските изборни комиси. Од овие избори нова надлежност на ОИК е да одлучуваат по приговори за лично избирачко право. Како што беше појаснето, доколку граѓанинот го нема во Избирачкиот список, тој ќе треба да пополни образец што ќе претставува доказ за Општинската изборна комисија до која ќе го достави приговорот. ОИК по приговорот ќе треба да решава по него во рок од четири часа по поднесувањето.

Од оваа година исто така ќе се организира гласање во старските домови. До сега, како што информираа од ДИК, пријави за гласање кое ќе се организира на 11 април, има од 18 старски домови.

ДИК на седницата прифати три барања за набљудување на изборите и тоа за четворица претставници на Меѓународната фондација за изборни системи ИФИС, канцеларија во Северна Македонија, за 18 претставници на МОСТ и за 33 набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...