ДИК ги повика граѓаните да направат увид во избирачкиот список

Јавниот увид на податоците на избирачкиот список ќе започне на 9 август 2018 година и ќе трае до 23 август 2018 година до 00 часот.

416

Државната изборна комисија (ДИК) ги известува сите граѓани на Република Македонија дека јавниот увид на податоците на избирачкиот список ќе започне на 9 август 2018 година и ќе трае до 23 август 2018 година до 00 часот.

Сите заинтересирани граѓани на Република Македонија, кои сакаат да извршат увид во своите податоци во избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во истиот, тоа треба да го направат на веб страницата на Државната изборна комисија https://izbirackispisok.gov.mk/ или во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.

Избирачкиот список кој се става на јавен увид е со состојба на податоци на граѓаните кои заклучно со 30 септември 2018 година станале полнолетни.

Барањата за измена, дополнување или бришење на податоците во избирачкиот список, граѓаните ги поднесуваат во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.

Списокот на адреси на подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија може да се најдат на следниот линк: http://www.sec.mk/kontakt/ ​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...