Кога модата ќе ја замени мислата, а мислата ќе стане опасна бидејќи политичката коректност и моралната полиција ѕиркаат зад секој агол, од медиумите до универзитетите, добиваме свет во кој единствено решение е дисидентството.
Но, не она физичкото, бидејќи од овој безидеен и хиперконтролиран свет нема каде да се побегне, туку внатрешното дисидентство како самоизолација на духот кој веќе не гледа во тлото бидејќи на него и така царува униформност и безидејност, туку во небото чекајќи божји потег кој ќе го избрише талогот од светот без идеи, пишува Глас Славоније од Осијек.
Така на Куба ќерката на Раул Кастро, Мариела Кастро Еспин бара во новиот кубански Устав да се внесе одредба која ќе ги штити и промовира правата на ЛГБТИ задницата. Модата е мода, па би било ред и Кастро црвеното знаме да го замени со она на боите на виножитото.
Оние кои се побунија против овој предлог на ќерката на Раул не беа кубанските комунисти кои до вчера ги затвораа хомосексуалците, туку самите хомосексуалци. Така Хериберто Соса, претседател на латиноамериканското здружение на ЛГБТИ лицата за Ен-Би-Си изјави дека на Куба не треба да се воведат хомосексуални права, бидејќи е поважно да се регулираат основните човекови права, слободата на говорот, слободните избори и плурализмот во интерес на сите.
Ќерката на Кастро во стилот на помодарството „се пали“ на правата на малцинствата, додека истите тие лица повеќе би сакале да ги остави на мир и да му каже на татко и дека во земјата има многу поважни работи за решавање.
Потрошени идеи
Комунизмот и социјализмот како идеи се потрошени. Ги демантираше историјата како и другите големи идеологии (нацифашизмот нема потреба да се споменува), вклучувајќи го и либерализмот. И едната и другата, и комунистичката и либералната теорија, се деца на Француската револуција базирани на една иста идеја за прогрес, напредок.
Тоа е една од поглупавите идеи, како што напиша Честертон, бидејќи верува дека четвртокот е подобар од средата, само затоа што доаѓа еден ден подоцна. И едната и другата идеја врз основа на тоа ги делат луѓето и општествата на прогресивни и регресивни сили.
Пропаста на левицата насекаде во светот и во Европа почна во оној момент кога таа почна да се бори за правата на разни вештачко произведени малцинства и кога геј парадите им станаа поважни од првомајските маршеви, кога почнаа да ги разбиваат местата на кои се создава општественото единство, од нацијата преку фабриките до семејството, а работниците, пролетерите и средната класа во пропаѓање кои се спротиставија на ова помодарство ги прогласија за хомофоби, ксенофоби и заостанати.
Растот на популистичките движења е последица на сето тоа. Либералите по 68-та спротивно на либералното раздвојување на приватното и јавното направија првостепено политичко прашање на кои не би можеле да останат имуни ни комунистите на Куба. Поважно е кој нешто става во некоја дупка, отколку кој каде работи и дали воопшто работи.
Глупоста на денешниот „прогресивен свет“ и неговите парадокси постепено се видливи во геслото дека религијата е приватна работа, а сексуалната ориентација не е. Уште повеќе тоа денес стана лакмус хартија за нечија прогресивност. Религиите, како „приватни работи“, создадоа големи култури и цивилизации, додека не знам каков придонес за човештвото има ЛГБТИ културата, освен збир на неважни слободи.
Сите денешни традиционални партии на левицата и десницата се западнати во криза на идеите и се фатија за малцинствата и мигрантите. Така левицата стана најдобар сојузник на глобализмот и глобалниот капитал.
Проблем е кога нема леб, но уште поголем проблем е кога нема идеи, кога постоечките политички теории се истрошени и кога немаат што повеќе да понудат освен да кажат дека се за „прогрес“. Во светот без идеи страдаше и уметноста претворена во диктатура на фактичкото, во инсталација и перформанс, која повеќе не нуди убавина, туку провокација.
Исчезнување на мислите
За двете големи идеи што го обележаа нашето минато и сегашност заедничко е дека се радикално антиметафизички, а таму каде што исчезнува метафизиката, исчезнува и мислата.
Незнаејќи да ја спојат современоста и традицијата, што е карактеристично за прогресивците и револуционерите, овие пропаднати идеиологии и идеи на т.н. левица и десница, во својот прогресивен процес на еманципација ги искараа работниците и сопствениците, па потоа ја преместија класната борба на борба на половите, со што ги искараа мажите и жените, па децата и родителите, го одвоија сексот од раѓањето, па раѓањето од сексот (вештачкото оплодување), човекот од природата, човекот од трансценденцијата итн. итн.
Сите столбови на западната култура се урнаа или се уриваат во името на прогресот. Прогрес кон што, кон ништо! Тоа НИШТО е единствено место за нов почеток за деконструкција на деконструкцијата.