Дизингер: Само чудо може да ме задржи во „Вардар“

472

Европскиот ракометен шампион „Вардар“ минува низ нова неизвесна сезона по која е голема дилема како наесен ќе изгледаат „црвено-црните“. Дел од играчите веќе потпишаа договори со клубови и сигурно ќе заминат од Скопје во јуни, а последен кој проговори за незавидната положба е Германецот Кристијан Дизингер.

– Минуваме низ тежок период. Добар дел од играчите речиси шест месеци немаме земено плата. Добиваме пари само за основни трошоци. Во Скопје можеби може да се живее и со 300 евра, но ние ги сакаме заработените пари. Тоа е причината што дел од играчите веќе најдоа нови клубови. Само чудо може да ме задржи во „Вардар“ и за наредната сезона – дециден е Дизингер.

Неговиот договор со двократниот европски првак завршува на крајот на оваа сезона.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...