Диви свињи шетаат по Белград, ги има и на Калемегдан ВИДЕО

603

Повеќе диви свињи шетаат по Белград, а видени се и снимени во различни делови од градот, пишува Блиц.

Дивите свињи кои се појавиле во српската престолнина се многу исплашени, но не се опасни за луѓето, вели претседателот на Ловечкото здружение Зоран Коциќ.

– Единствено во ситуација кога свињата е ранета и кога ги чува својте прасенца може да дојде до евентуална опасност за луѓето, но во останатите случаи не – вели Коциќ.

Најмногу диви свињи се видени во центарот на Нов Белград.

Едно животно вчера паднало од пети спрат од гаража. Вчера е снимена и една дива свиња во самиот центар на градот, на Калемегдан.

Се претпоставува дека свињите поради високиот водостој на Дунав кој поплавил еден остров во близина побегнале на другата, градска страна.

Но дека не станува збор за неопасни животни покажува случајот од минатата недела кога дива свиња на ловџија му откина дел од лицето и за малку ќе го убиела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...