Дивеењето на Мерко го овозможува владата

Просечната старост на противпожарните возила во Струга е 38 години, еееј, ауди од 70 илјади евра купува. 

1241

Дивеењето на Мерко е последица на лошата и хазардерска политика на владата да им ги помири долговите на општините.

Еј, да се офира некој овака со коли и чалам и тоа во момент кога јавноста е веќе надркана за пожарите и горењето на трската!

Просечната старост на противпожарните возила во Струга е 38 години, еееј, ауди од 70 илјади евра купува.

Значи, вие ни се смеете во фаца, ни ја трљате мизеријава од глава и ни се церекате.

Заев беше ли во Охрид вчера, виде ли нешто, нотира ли овој лик нешто освен својата херојска аура, о премиер–нобеловец!

Кажете му дека гори во Преспа, еј Преспа премиере, како Преспански договор, ти текнуе?!

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...