Дибиров: Сега на по едно пиво, а потоа ќе размислуваме за Келн

Вардар денеска загуби од Кил (27:28), но оди во полуфиналето поради победата во Германија (29:28).

280

Левото крило на Вардар, Тимур Дибировбеше презадоволен од пласманот на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Вардар денеска загуби од Кил (27:28), но оди во полуфиналето поради победата во Германија (29:28).

– Сега сакам да испиеме сите по едно пиво и да прославиме. Потоа ќе размислуваме. Сепак, мора да се одигра добро против секого ако се сака титулата. Задоволни сме што одиме втора година по ред на Ф4 турнирот. Знаевме дека ќе биде тешко на овој натпревар. Кил е одлична екипа со голема историја. Бевме свесни дека до последната минута ќе биде тешко. Имавме среќа, а таа ги следи храбрите. Цела сезона работевме максимално и како што треба. Сега ја добивме наградата со уште еден завршен турнир – изјави Дибиров на прес-конференцијата по натпреварот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...