Тренерот на ЖРК Вардар, Ирина Дибирова на пресот по поразот во финалето на Лигата на шампионите од Ѓер со 27-26 (20-20, 9-9), изјави дека е горда на постигнувањето на своите ракометарки и е благодарна што го предводела овој тим.
– Горда сум на ракометарките, се бореа и реализираа се што беше договорено, но на крај не успеавме. Немавме среќа, на девојките им поскувам среќа во иднина. Горда сум на девојките и благодарна што бев тренер на овој тим – изјави тренерот на Вардар.
МВП на Ф4 турнирот, голманката на „црвено-црните“ Амандин Лејно низ солзи изрази жалење дека оваа генерација на ракометарки не стигнале до трофејот во ЛШ.
– Ова беше навистина тежок натпревар. Се подготвуваме за титулата, сите ја посакувавме, но Ѓер е квалитетна екипа која беше и посреќна па повторно стигна до трофејот. Нас ни е жал што во последната сезона овој состав на девојки не успеа да дојде до трофејот, рече Амандин Лејно на пресот по мечот.
Фото: ЖРК Вардар