ДЗС: Воздухопловна единица со повеќе од 120 лета и исфрлени 300 тони вода

242
Дирекцијата за заштита и спасување е вклучена во гасењето пожари и со сите расположливи капацитети и човечки и материјално – технички ресурси, вклучително и специјализираното Авио одделение, како досега така и отсега, секојдневно е подготвено да делува секаде каде што има потреба, информираа од ДЗС.
Од ДЗС соопштуваат дека во изминатиот период биле вклучена во гасењето пожари, некои од кои од поголем размер, а некои освен врз животната средина, сериозно се закануваа и по животот на населението.
– Досега тие беа локализирани и ставени под контрола на цела територија во нашата земја благодарение на Специјализираното одделение со воздухоплови за воздушна поддршка  кое во секое време е  подготвено за делување. Станува збор за елитната единица на ДЗС, составена од исклучително искусен и стручен воздухопловен кадар, професионалци со многугодишно воздухопловно искуство, која изминатиов месец направи повеќе од 120 лета и исфрли на 300 тони вода, наведуваат од Дирекцијата.
Воедно, се додава, директорот на Дирекцијата, Аднан Џафероски, секојдневно е на терен, и е во постојана комуникација со сите Подрачни одделенија на Дирекцијата, со што будно ја следи ситуацијата и под контрола ја држи целата ситуација во државава.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...