ДЗС бара пописот да се одложи за 2021 година

135
Фото: МИА

Пописот на население, домаќинства и станови, Државниот завод за статистика (ДЗС) информира тврди дека согласно воспоставената меѓународна пракса и искуство, пописните и изборните активности не можат да се одвиваат паралелно.

Затоа, велат од ДЗС, ќе дадат предлог до Министерството за правда, кое е официјален предлагач на Законот за попис на население, домаќинства и станови, периодот на спроведување на Пописот да се пролонгира за април 2021 година, а Законот за Попис на население, домаќинства и станови да биде донесен пред формирање на техничката Влада.

Од ДЗС нагласуваат дека се подготвени за разгледување на можностите за усогласување на сите отворени забелешки поврзани со Пописот со сите релевантни чинители во државава.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...