Легендата на Рома, Даниеле Де Роси, веќе е дел од аргентинскиот гигант Бока Јуниорс. 36-годишниот Италијанец потпиша со Бока, откако неговиот договор со Рома не беше обновен.
Де Роси помина 18 години во италијанската престолнина, а дури и размислувал да стави крај на кариерата, но љубопитноста да се проба како фудбалер во Аргентина сепак преовладала, станува јасно е од неговите зборови по потпишувањето со Бока Јуниорс за една сезона.
– Нема да се кријам, се плашев да дојдам со семејството во Аргентина. Живеев на едно место 36 години и идејата да се преселам ме вознемири. Но, сфатив дека во последните 20 години поминав во средина каде што фудбалот е луд 24 часа во дење и ноќе. Можев да одам на помирно место или дури и пофренетично. Го избрав второто и сигурен сум дека моето семејство и јас ќе уживаме во ова искуство. Навивачите на Аргентина се најлудите во светот. Не сакав да ги учам своите деца да се плашат од животот, затоа сум тука – рече Де Роси, кој го најде потврда за неговите зборови уште првиот ден во Аргентина, каде еден локален земјоделец именуваше новородено теле по неговото име.
ФОТО: EPA / SIMONE ARVEDA