Де Роси би можел да ја напушти Бока уште во јануари

141
ФОТО: EPA / JUNAJO MARTIN

Италијанскиот фудбалер за врска од редовите на Бока јуниорс, ветеранот Даниеле Де Роси, можеби ќе го напушти аргентинскиот клуб во јануари, пишува весникот „Ла Насион“.

„Ентузијазмот со кој беше примен Италијанецот, брзо исчезна. Навивачите се навикнаа да го гледаат на клупата за резерви, дури и на трибините“ – пишуваат Аргентинците.

Де Роси кој има 36 години, рече дека секогаш сакал да заигра за Бока, но откако дојде во клубот, одигра само 336 минути, и има дадено еден гол. Имаше неколку мускулни повреди, кои го спречија да игра почесто. Договорот му истекува следното лето, но и тој и клубот размислуваат за предвремена разделба.

ФОТО: EPA / JUNAJO MARTIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...