Актерот Роберт Де Ниро повторно во елемент со неговите критики кон претседателот Доналд Трамп.
Тој се обрати на алтернативниот собир на дописниците од Белата куќа кој во саботата се одржа напоредно со актуелната гала вечера на дописниците од Белата куќа.
Де Ниро, повикан од телевизиската водителка Саманата Би на подиумот и поздравен од присутните со овации, порача дека Трамп е „лажливо копиле“.
-Ме радува што вечерва сум со Саманта Би во поддршка на Првиот амандман (од Уставот на САД за слобода на словото) – право кое претседателот го користи да биде неумоливо, непокајно, лажливо копиле; право со кое неговите поддржувачи не се загрижени за тоа, изјави тој, додавајќи „тоа е и наше право да сториме нешто околу сето ова“.
Актерот ги искритикува постојаните повици на Трамп да етикетира лица и медиуми дека биле „лажни вести“.
-Ако добијам лоша критика, тоа се лажни вести. Некој галамџија новинар открил дека не сум завршил средно училиште,и тоа се лажни вести. А потоа слушаш ти ја украл фразата. Се е лажни вести. Но излегува дека тоа се вистински вести, или како што овде ние ги нарекуваме: вести, кажа Де Ниро.
Овогодишната гала вечера на дописниците од Белата куќа се одржа без присуство на Трамп кој, како и лани ја одби поканата за учество. Традиционало, настанот е одбележен со многу хумор и пародија насочени кон актуелниот претседател и неговата администрација. Поранешниот претседател Барак Обама, на пример, знаеше да каже интересни анегдоти и да ги насмее новинарите, но тоа не е случај за актуелниот шеф на државата.
Овојпат гала вечерата беше во поддршка на слободата на изразувањето, а помалку се кажуваа шеги. Историчарот Рон Чернов се обрати со говор за историјата на новинарството и Првиот амандман.