Холивудската ѕвезда Роберт де Ниро никогаш не криел дека не е обожавател за американскиот претседател Доналд Трамп, но сега и потврди на интервју за Си-ен-ен.
Во емисија на оваа телевизиска мрежа Де Ниро рече дека мора да се случи импичмент на Трамп.
– Мора да се случи, не може да се одмине – рече актерот.
– Тој човек даде сè, направи полошо отколку што можев да замислам. На денот кога беше избран, реков дека ќе му дадам шанса. Никогаш не можете да знаете. Тој е полош отколку што замислував – рече Де Ниро, додавајќи дека мисли дека Трамп можеби е – луд.
– Не знам. Мислам дека е луд на некој начин. Дел од него е едноставно луд. Можеби медицински луд, така почнува да ми изгледа – вели Де Ниро.
– Кога го видов пред хеликоптерот како чека да оди некаде и разговара без да застане и да се поти, помислив: „Овој човек не е ни свесен за тоа што прави. Барем треба да праша некого за марамче или нешто, да се исуши.“ Каде сме ние? Ова е луд свет. Што се случува? Овој човек е луд, треба да го тргнеме – рече актерот во бруталниот „напад“ на Трамп.
„Тој не смее да биде претседател“, рече Де Ниро.
Презентерот потоа го праша што мисли за критиките што ги доби актерот од Фокс, откако изјави на наградите Тони: „ Да го …ш Трамп“.
Како одговор Де Ниро даде уште една сочна пцовка.