Дефанзивецот на Јувентус, Матијс де Лихт не жали за неговата преселба од Ајакс во италијанскиот клуб, иако во Амстердам се чувствувал непобедливо.
– Мислам дека оди добро. Сепак за мене ова е нешто ново. Јас напредувам и не сум загрижен. Во Ајакс се чувствував непобедливо и сега сè е поинаку. На крајот, сигурен сум дека сè ќе биде добро и сезоната ќе биде успешна – изјави 19-годишниот Де Лихт.
Тој се пресели во Јувентус од Ајакс, за кого минатата сезона одигра 55 натпревари на сите натпреварувања, постигна седум голови и оствари четири асистенции.
Во тековната сезона, Де Лихт настапи на седум натпревари за италијанскиот тим без да учествува во продуктивни акции.
ФОТО: EPA / WALLACE WOON