Де Геа го повреди мускулот, може да го пропушти следниот натпревар

66
ФОТО: EPA / WILL OLIVER

Голманот на Шпанија, Давид Де Геа, го повреди мускулот на левата нога во квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2020 одигран синоќа во Стокхолм со Шведска (1:1).

Чуварот на мрежата на Манчестер јунајтед се повреди при судирот со напаѓачот на Краснодар, Маркус Берг и беше заменет во 60-тата минута со Кепа Аризабалага.

Според „А Бола“, Шпанецот може да го пропушти следниот натпревар од шампионатот на Англија со Ливерпул, што ќе се одржи на 20 октомври.

Селекторот на Шпанија, Роберт Морено соопшти дека голманот нема посериозна повреда.

– Де Геа направи неколку фантастични одбрани. За време на паузата, тој одлучи дека може да продолжи, но мораше предвреме да го заврши мечот, бидејќи има мало истегнување на мускул.

ФОТО: EPA / WILL OLIVER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...