Дејан Панделевски и Сергеј Варошлија сведоци на Боки 13 во „Рекет“

1433

Одбраната на првообвинетиот Бојан Јовановски за денешното рочиште во случајот „Рекет” за сведоци ги предложи Сергеј Варошлија и Дејан Панделевски, кој во минатата недела не дојде на судењето затоа што бил на службено патување.

Како сведоци во наредните рочишта се очекува да се појават Јовче Ременски, сопруг на пратеничката Фросина Ременски и поранешниот градоначалник на општина Центар Владимир Тодоровиќ кој исто така поради службени обврски не дојде на судењето минатата недела.

Јовановски, е осомничен за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание и за кривичното дело перење пари, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за злоупотреба на службената положба.

Во „Рекет“ е осуден и Зоран Милевски Кичеец на три години затвор, откако на почетокот на судењето призна дека е виновен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...