Дечињата со градинката „Мајси цвет“ си направија градина од сказните (ВИДЕО)

608

Во детската градинка „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2, денеска се отвори првата Градина од сказните. Најмладите, заедно со нивните наставници го уредија својот двор и ја разубавија околината, правејќи Градина од сказните и креативни катчиња кои се изработени од еко – материјали.

На настанот присуствуваа голем број родители, дечиња и дел од воспитниот кадар од оваа предучилишна установа.

Пред присутните се обрати и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој ја поздрави оваа иницијатива за разубавување на дворот и подигнување на свеста за  заштита на природата кај најмладите.

– Целта на предучилишното образование е да ја даде основата, да научите да творите, а потоа на училиште да се надградувате и да растете со нови знаења и искуства. Сепак, горд сум што во Карпош има деца, воспитувачи/негувателки и родители кои сакаат да избегаат од секојдневното, тековното и да бидат креативни. Вие сте белег на современото и модерното –  на европски Карпош. Од мали нозе да се создава, да се креираат работи е навистина значајно и вредно – рече Богоев кој потоа им се придружи на присутните и ја проследи куклената претстава.

Свое обраќање имаше и директорката на оваа градинка, Ангела Ангеловска, која говореше за  процесот додека се правеше градината и ја потенцираше успешната соработка меѓу сите страни.

Овие градини се наоѓаат пред новиот објект на градинката „Мајски цвет“ – Јасмин. Објектот „Јасмин“ кој зафаќа 450 метри квадратни и има капацитет за сместување на 90 деца, беше пуштен во употреба оваа година. Тој е опремен со нови играчки и дидактички материјали, интерактивни ѕидови за цртање и хигиенско – санитарни услови по сите стандарди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...