Град Скопје организираше посета за децата од Дневниот центар „Деца на улица“ на Зоолошката градина. Градот обезбеди бесплатни билети за децата кои имаа можност да се запознаат со навиките и чувањето на животните во Зоолошката градина.
Посетата, како што денеска информира Град Скопје, е реализирана вчера, а децата ги пречекале градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и директорот на ЗОО, Ѓорѓи Галетановски.
За децата била организирана и едукативна тура за која бил ангажиран Војо Иванов, познат раскажувач од ЗОО.
Од Градот најавуваат дека и во иднина ќе продолжат да се грижат за ранливите категории на деца од институциите.