Првите преселби на корисници од сегашните институции во служби за живеење со поддршка во заедницата се очекуваат до крајот на јуни. Заложби во процесот на деинституционализација се до 2020 година да нема деца под тригодишна возраст сместени во институции и трансформација на Заводот во Демир Капија. Во првата фаза до 2022 година целни групи се децата и лица со попреченост, без родители и со воспитно-социјални потешкотии, а во втората фаза возрасни со долгорочни потешкотии во менталното здравје и постари лица.
Ова се дел од насоките и планираните активности зацртани во нацрт Националната стратегија за деинституционализација 2018-2027 што денеска ја презентираше Министерството за труд и социјална политика.
Таа има за цел трансформација на постојните гломазни социјални институции, преселба на корисниците во заедницата, развој на социјални услуги и служби во заедницата, како и спречување на институционализацијата, со цел подостоинствен живот на лицата на кои им е потребна грижа.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска истакна дека деинституционализацијата
Ако на некое лице со попреченост или дете без родители му е потребно згрижување од државата, тоа досега беше згрижувано во големите, „безлични“ институции, кои го сегрегираат од средината. Алтернативата, рече министерката, е тоа да добие социјални услуги во заедницата, во неговата
Таа потенцира и дека деинституционализацијата не треба да се поврзува со губењето работни места.
– Напротив, искуствата покажуваат дека системот заснован на социјални услуги во заедницата отвора нови работни места, ја унапредува струката, овозможува подобри услови за работа – рече Царовска.
Никола Бертолини од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, се согласува со ставот дека големите институции за згрижување ги сегрегираат сите лица кои се згрижени во нив.
– Затоа е потребна стратегија, мапа или патоказ како да се одвива процесот на деинституционализација. Сакаме јавна дебата за стратегијата и целосно вклучување на сите чинители и пошироката јавност што е од клучно значење да се добие квалитетен документ – рече тој.
Документот, беше речено на презентацијата, треба да биде издржлив, реален, а не листа на желби што не може да се остварат. Процесот треба да се направи врз основа на индивидуални приоритети на лицата корисници на услуги, тие да им се обезбедат во нивната средина и да добијат поддршка за живот во заедницата.
Кон крајот на 2017 во Македонија во вакви институции биле сместени 236 лица со интелектуална попреченост, 63 со физичка попреченост, 72 новороденчиња без родители, 45 деца без родители, 27 деца со воспитно социјални потешкотии и 19 деца во конфликт со законот.
Во првата фаза ќе бидат трансформирани институциите во Демир Капија, „25 Мај“, Топаанско Поле, „11 Октомври“, Бања Банско, „Ранка Милановиќ“ и Мајчин дом Битола.
Во наредниот период ќе се организираат повеќе јавни дебати за Националната стратегија за деинституционализација, чија нацрт верзија е достапна на веб страницата на МТСП. Забелешки, мислења и ставови по однос на стратегијата можат да се даваат до крајот на мај годинава.