Децата што не одат во градинка потешко се снаоѓаат во животот

307

Педесет отсто од децата да бидат вклучени во предучилишно образование е целта на Владата до крајот на својот мандат поради тоа што тоа поновите научни истражувања покажуваат дека тоа е основа за добро образование и постигнувања во животот.

Децата што биле вклучени во предучилишно образование имаат подобри резултати и способности за учење од оние кои не биле вклучени и тоа може да се види уште во прво одделение од основното образование.

Во моментов во претшколско образование се вклучени околу 1/3 од децата во Македонија. Особено проблематично, според неа, е што во руралните средини пристапот, а со тоа и опфатот е многу мал, и оти се работи и овие состојби да се променат. Заедно со зголемување на опфатот, се работи и на зголемување на компетенциите на кадарот со цел децата да добијат квалитетно образование и воспитание.

– Сите оние кои се вработени кои ги растат нашите деца во градинките треба да ги имаат истите компетенции со цел децата во најрана возраст да се стекнат со сите вештини и знаења кои им се потребни за во животот да можат да ги пресретнат сите предизвици, а знаеме дека се многу. Научно е докажано дека децата кои добиваат добро учење во раната возраст имаат подобри перформанси во основно, средно и високо образование и придонесуваат повеќе во економскиот раст и развој на една држава – рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Таа потенцира дека интензивно се работи и на ширење на инфраструктурата и на зголемувањето на капацитетите, но и оти се работи на зголемување на компетенциите на вработените. Идентификуван е недостиг на кадар, и затоа одобрени се вработувања на околу 1.200 лица.

Министерот за обарзование и наука Арбр Адеми истакна дека се работи на системско решение и усогласување на воспитно образовниот процес и во градинките и во основните и средните учулишта.

– И денешната работилница е дел од активностите за подобрување на квалитетот на образовниот предучилишен и училишен процес. Максимално сме посветени на квалитетот на компетенции и воспитувачи и на едукатори и на подобрување инфраструктурата во училиштата и градинките, како и на подобрување на квалитетот на наставните планови и програми – рече Адеми.

Преставникот на УНИЦЕФ во Македонија Бенџамин Перкс рече дека мора да се овозможи еднаков пристап на сите деца до претшколско образование, зашто децата од најсироашните семејства имаат 200 пати помала шанса да бидат вклучени за разлика од побогатите. Тоа, потенцира Перкс, мора да се промени.

– Ова не е фер бидејќи ако погледнете во училница во прво одделение во основно образование може да забележите дека има големи јазични разлики, како и разлики во способноста за учење на децата што посетувале или не посетувале претшколски образование – рече Перкс.

Според него, раните години во детството се период кога се поставуваат основите и доколку сакаме тие да бидат база за добар социолошки, економски и демократски развој мора да им се даде првокласно образование на децата од тригодишна воздраст па натаму.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...