Децата се премногу исцрпени за да можат да нуркаат низ пештерата (ВИДЕО)

Секој ден се испумпуваат големи количества вода, но тоа сѐ уште не е доволно за децата да минат по истиот пат од каде што влегле во пештерата.

1576

Две од момчињата и нивниот тренер, заробени во пештерата во Тајланд, се премногу исцрпени поради гладот, покажале медицинските испитувања.

Поранешниот морнарички специјалец Кејд Култи рекол дека нуркањето треба да биде последна опција, бидејќи е многу опасна и смртносна.

Се прават разни планови за да се извлечат децата пред да почнат да паѓаат најавените дождови, кои уште повеќе ќе го кренат нивото на водата во пештерата.

Секој ден се испумпуваат големи количества вода, но тоа сѐ уште не е доволно за децата да минат по истиот пат од каде што влегле во пештерата.

На спасувачите им се потребни околу 6 часа за да стасаат до децата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...