– Децата се поважни од оризот. Ние можеме повторно да засадиме и израснеме ориз, но не можеме да ги повратиме децата – рече Mae Bua Chaicheun, земјоделка на оризовите полиња кои беа уништени со 130 милиони литри вода испумпана и пуштена од пештерата во Тајланд при спасувањето на заробените 12 деца и нивниот тренер.
На социјалните мрежи изјавата на жената беше пофалена како пример за обновената верба во хуманоста.
Уште едно момче денеска е извадено од пештерскиот комплекс во северен Тајланд, на третиот ден од спасувачката операција.
Момчето моментлано е во медицинска установа на лице место, соопшти официјален претставник на тајландската морнарица, кој директно е запознаен со деталите на операцијата.
Досега се спасени девет од 12 момчиња. Во пештерата се уште три момчиња и нивниот тренер.
фото: Твитер