Децата од улицата „Бигла” побараа да не се чисти улицата за да може да се санкаат, градоначалникот на Кавадарци им ја исполни желбата.
Во изјава за Плусинфо, денеска тој рече дека се обиделе да не ја нарушат радоста на младите, а сепак да најдат решение за останатите жители на тој потег.
-Точно е, ја исполнивме желбата на децата од едно маало, кое е дел од тој дел на градот. Улицата остана неисчистена од снегот, за тие уште малку да уживаат во првиот снег оваа зима. Но, помисливме и на другите граѓани кои живеат таму, па ги замоливме да го користат пристапот од улицата „Доне Попов” – појасни Јанчев.
На ул. Бигла ја исполнивме желбата на децата од ова маало. Улицата остана неисчистена за тие уште малку да уживаат во првиот снег оваа зима. Се замолуваат граѓаните да го користат пристапот од ул. Доне Попов.
Posted by Митко Јанчев – Градоначалник на Општина Кавадарци on Сабота, 05 јануари 2019