Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера ја отвори традиционалната Велигденска трка со јајца во Белата куќа.
– Сакам на сите да им посакам среќен Велигден – рече тој во обраќањето од балкон, на кој му се придружија и Меланија и лице облечено во бело зајче со очила.
Трамп зборуваше и за вложувањето на неговата администрација во војската, спомнувајќи дека ќе биде обновена на едно ниво досега невидено.
Потоа со свирче го означи почетокот на трката во градината на Белата куќа. Оваа активност е една од многуте кои се организираат за 30.000 возрасни и деца.
Трката со јајца е главна активност и се одржува во Белата куќа од 1878 година. Варено јајце се турка со помош на лажици по тревата.
Меланија најави две нови активности: музички јајца и плочка.
Првата дама и други важни лица од Белата куќа им читаа приказни на децата, а тие можеа да им напишат честитки на американските војници.
ФОТО: EPA / KEVIN DIETSCH / POOL